Мажот кој смртно настрада во Мар-а-Лаго бил 21-годишниот Остин Т. Мартин од Камерон, во сојузната држава Северна Каролина, изјавиле повеќе извори за CBS News, американски партнер на BBC.
Властите наведуваат дека тој носел сачмарка и канистер со гориво кога влегол во Мар-а-Лаго, при што во комплексот влегол во момент кога еден гостин излегувал.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент ваквиот чин на политичко насилство ѝ го припиша на левицата.
„Оваа егзистенцијална закана, овој отров од левицата навистина мора да престане. Тие го нормализираа ова насилство“, изјави тој.