Свет

Напад со беспилотни летала во Абу Даби: Погодена француска поморска база

Напад со беспилотни летала во Абу Даби: Погодена француска поморска база

Магацин во француска поморска база беше погоден во напад со беспилотни летала насочен кон пристаништето Абу Даби. Нападот го потврди на социјалните мрежи француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотрен.

„Хангар во нашата поморска база, сместен веднаш до онаа во Емиратите, беше погоден за време на напад со беспилотни летала врз пристаништето Абу Даби“, напиша Вотрен. „Штетата е само материјална и ограничена. Нема повредени. Нашите сили се на највисоко ниво на готовност со оглед на ситуацијата што се менува од час во час“, додаде таа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни