Свет

ВИДЕО Американците објавија снимка: „Го нападнавме Иран со невидливи бомбардери“

ВИДЕО Американците објавија снимка: „Го нападнавме Иран со невидливи бомбардери“

САД синоќа извршија напад врз ирански балистички ракетни објекти со бомбардери Б-2, објави Централната команда на САД (CENTCOM) на својата X-платформа.

CENTCOM објави видео од бомбардерите заедно со порака: „Американските невидливи бомбардери Б-2, вооружени со бомби од 900 кг, синоќа нападнаа утврдени ирански балистички ракетни објекти. Ниту една нација не треба да се сомнева во решителноста на Америка.“

САД, исто така, минатата година користеа бомбардери Б-2, кои полетаа од воздухопловната база Вајтман во Мисури, за да ги нападнат нуклеарните постројки на Иран длабоко под земја. Сè уште не е објавено од каде полетаа авионите што се користеа во нападот во саботата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни