Свет

САД објави снимки: „Иран имаше 11 бродови тука пред два дена, сега ги нема“

САД објави снимки: „Иран имаше 11 бродови тука пред два дена, сега ги нема“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави видео од нападот врз иранските воени бродови во Оманскиот Залив, со порака дека иранската флота таму е целосно уништена.

„Пред два дена, иранскиот режим имаше 11 бродови во Оманскиот Залив, денес има НУДА. Иранскиот режим со децении го малтретираше и напаѓаше меѓународниот превоз во Оманскиот Залив. Тие денови се завршени“, се вели во соопштението.

CENTCOM вели дека слободата на пловидба е основа на американскиот и глобалниот економски просперитет повеќе од 80 години. „Американските сили ќе продолжат да го бранат“, се вели во соопштението.

Оманскиот Залив и Ормутскиот Проток се стратешки клучни точки за глобалната трговија со енергија, а тензиите во областа дополнително се зголемија по избувнувањето на војната меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга страна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни