Македонија

Драма во Батинци: Криел два пиштоли под облеката на сопственото малолетно дете за да се пресмета со роднина!

Драма во Батинци: Криел два пиштоли под облеката на сопственото малолетно дете за да се пресмета со роднина!

На 07.03.2026 во 14:30 часот во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(40) од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава од 32-годишен негов роднина од истото село.

Според пријавеното, околу 12:45 часот во с.Батинци, таткото на С.Д. се однесувал агресивно кон пријавителот и му упатувал закани со дрвен предмет, по што С.Д. му упатил закани дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави татко му.

По преземени мерки, полициски службеници пристигнале на местото на настанот и под облеката на малолетниот син на С.Д., пронашле  и одзеле два пиштоли и куршуми различен калибар.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни