Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Не бараме совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во КОВИД, не се грижете, не одиме по вашите стапки

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Не бараме совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во КОВИД, не се грижете, не одиме по вашите стапки

ВМРО-ДПМНЕ попладнево се јави со реакција на прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Како што велат, не бараат совети од „човек кој сакаше да заработи на вакцини во КОВИД кризата“.

„Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи.

Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време.

Впрочем, некои од мерките кои Филипче ги “предлага”, веќе беа споменувани дека би се презеле за намалување на штетата од евентуалната криза.

Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни