Балкан

Ивица Дачиќ излезе од болница по лекување од тешка пневмонија

Ивица Дачиќ излезе од болница по лекување од тешка пневмонија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска ја напушти болницата каде што беше хоспитализиран поради тешка билатерална пневмонија.

Информацијата ја соопшти самиот Дачиќ преку објава на социјалните мрежи, во која им се заблагодари на сите за поддршката и упати апел граѓаните да се грижат за своето здравје.

„Ви благодарам на сите. Би ги замолил сите да го чуваат своето здравје, ќе ја искористам позицијата која ја имам за сите луѓе да ги поттикнам на контрола на личното здравје“, напиша Дачиќ во објавата на Инстаграм.

Непосредно пред да ја напушти болницата, него го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Дачиќ беше примен во болница на 25 февруари, кога поради влошена здравствена состојба бил поврзан и на медицински апарати. Лекарите тогаш му дијагностицираа билатерална пневмонија.

Инаку, министерот подолго време се соочува со здравствени проблеми, меѓу кои и дијабетес и други придружни заболувања, поради што неговата хоспитализација била итна, а здравствената состојба во одреден период била сериозно загрозена.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни