Познатиот гитарист на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше меѓу повредените во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“, на првата годишнина од трагедијата испрати порака на благодарност и надеж.
Тонев, кој по несреќата помина низ тежок процес на закрепнување во болницата „Папаниколау“ во Солун, повторно се сретна со дел од медицинскиот тим кој се грижеше за неговиот живот.
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, сподели Тонев на социјалните мрежи.
Неговата порака доаѓа како потсетник за тешката борба на преживеаните, кои и по една година се справуваат со физичките и емотивните лузни од кобната ноќ, но и како признание за хуманоста на медицинските лица кои беа клучни во нивното спасување.