Општина Штип започна со реализација на проектот „Фонтана на ангелите“, спомен-обележје посветено на петте сограѓани кои трагично го загубија животот во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Споменикот, кој ќе биде поставен на улицата „Кузман Јосифовски“, е замислен како симбол на вечноста и сеќавањето на „штипските ангели“. Според објавената информативна табла, инвеститор на проектот е Општината, а елаборатот за урбана опрема е веќе одобрен и подготвен за изведба.
Ова обележје не е само архитектонско решение, туку место каде семејствата, пријателите и сите сограѓани ќе можат да оддадат почит и да го чуваат споменот за прерано згаснатите младости.