Балкан

Илир Мета останува во притвор: Судот ја одби кауцијата од 50 илјади евра

Илир Мета останува во притвор: Судот ја одби кауцијата од 50 илјади евра

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го одби барањето на поранешниот албански претседател Илир Мета за изрекување домашен притвор. Одбраната на Мета понуди кауција од 50 милиони леки (над 50.000 евра) за негово итно ослободување, но судот одлучи тој да остане во затворски притвор.

Мета, кој денеска полни 57 години, не присуствуваше на рочиштето. Неговиот адвокат, Кујтим Чакрани, изјави дека неговиот клиент веќе нема доверба во судот и бара директно соочување за суштината на обвиненијата. Адвокатот најави дека правната битка продолжува пред Уставниот суд.

Актуелниот лидер на опозициската Партија на слободата беше уапсен на 21 октомври 2024 година по налог на СПАК. Тој се товари за корупција, перење пари и прикривање имот. Илир Мета ја извршуваше функцијата претседател на Албанија во периодот од 2017 до 2022 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни