Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека во мај или јуни ќе има дискусија за можни кадровски промени во Владата.
Тој поврди дека има разговори во однос на тоа дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата.
„Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ, имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирање. Очекувам во мај-јуни да се седне и да се поразговара и апсолутно ќе разговараме отворено за сите теми“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека анализите ќе опфатат кои кадри потфрлиле, кои не, како и кои позиции би можеле да се променат или ротираат.