Маскиран вооружен напаѓач извршил грабеж во поштенска филијала во грчкиот град Лутраки на Пелопонез, при што одзел околу 32.000 евра.
Според информациите, сторителот рано утрово, непосредно пред 8 часот, со чекан ја скршил стаклената врата и влегол во објектот. Во моментот кога вработените го полнеле банкоматот, тој под закана со автоматска пушка ги принудил да ги предадат парите.
По грабежот, напаѓачот избегал од местото на настанот и се упатил во непознат правец, каде што го чекал соучесник во возило, по што двајцата се дале во бегство.
Грчката полиција спроведува интензивна истрага за пронаоѓање и приведување на сторителите.