Балкан

Вишиот суд во Нови Сад донесе пресуда: 10 милиони динари отштета за смрт на блиско лице при падот на надстрешницата

Вишиот суд во Нови Сад донесе пресуда: 10 милиони динари отштета за смрт на блиско лице при падот на надстрешницата

Вишиот суд во Нови Сад донесе нова пресуда за надомест на нематеријална штета во парнична постапка поради смрт на блиско лице при падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Како што соопштија од судот, со пресудата од 11 март, тужените — Акционерското друштво за управување со јавна железничка инфраструктура „Инфраструктура на железници на Србија“ Белград и државата Србија — се обврзани солидарно да ѝ исплатат на тужителката С.Р. износ од 10.000.000 динари на име надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Тужените се должни да исплатат и законска затезна камата почнувајќи од 11 март па до конечната исплата, во рок од 15 дена, под закана од присилно извршување, додаваат од судот.

„Со истата пресуда, тужените се обврзани солидарно да ѝ ги надоместат на тужителката и трошоците за парничната постапка со законска затезна камата почнувајќи од денот на извршноста до конечната исплата, во рок од 15 дена, под закана од присилно извршување“, стои во објавата на веб-страницата на судот.

Од судот додаваат дека против оваа пресуда е дозволена жалба до Апелациониот суд во Нови Сад.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни