Производството на течен природен гас во Австралија останува во опасност, со илјадници луѓе без струја во оддалечениот северозападен дел од земјата денес, повеќе од една недела откако бурата Нарел ја погоди земјата.
Влијанието на бурата што ги погоди постројките за течен природен гас (LNG) управувани од „Шеврон“ и „Вудсајд“ во саботата го влоши веќе постоечкото нарушување на снабдувањето со LNG предизвикано од едномесечната војна со Иран, објави „Ројтерс“.
Австралија стана втор најголем извозник на LNG во светот кога Катар го суспендираше производството поради иранските ракетни напади.