Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје: Во недела затворање од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвен Крст

Посебен режим на сообраќај во Скопје: Во недела затворање од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвен Крст

Поради изведување градежни активности, во недела од раните утрински часови ќе биде целосно затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“ во Скопје, информираат од Град Скопје.

Станува збор за потегот од Стара Рампа во населбата Кисела Вода до семафорите кај Црвен Крст, каде ќе се поставува завршниот слој на коловозот во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција на булеварот.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и трпение, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни сообраќајни правци, со цел да се избегнат дополнителни застои.

Со реализацијата на оваа фаза се очекува значително подобрување на проточноста на сообраќајот, намалување на метежот и побезбедно движење по модернизиран коловоз.

Од Град Скопје посочуваат дека со целосната реализација на проектот, градот ќе ја добие и првата подземна сообраќајница, што претставува важен чекор кон унапредување на урбаната инфраструктура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни