Македонија

Американската армија ќе набавува пушки „Колт“ за Македонија

Американската армија ќе набавува пушки „Колт“ за Македонија

Американското Министерство за војна (Одбрана) објави дека му доделило договор на познатиот локален производител на оружје „Colt’s Manufacturing“ за производство на карабини М4 и М4А1. Оружјето е наменето за странските партнери на САД, меѓу кои се Македонија и Босна и Херцеговина.

Детали за милионскиот договор

Според официјалното известување објавено оваа недела, станува збор за договор со фиксна цена и неодредена испорака/количина, чија максимална вредност достигнува 40,86 милиони долари (околу 35,4 милиони евра).

Овој договор има за цел да ја поддржи програмата за странска воена продажба (Foreign Military Sales – FMS) на Соединетите Американски Држави. Покрај Северна Македонија и Босна и Херцеговина, испораките ќе ги опфатат и армиите на Ирак и Тунис.

Рокови и НАТО контекст

Предвидено е реализацијата на овој договор за набавка на вооружувањето да биде целосно завршена до 31 март 2031 година.

Во извештајот се дава и краток преглед на статусот на балканските земји кои се дел од набавката:

  • Северна Македонија е полноправна членка на НАТО Алијансата од 2020 година.
  • Босна и Херцеговина сè уште не е членка на НАТО, но активно партиципира во програмата на Алијансата „Партнерство за мир“ (Partnership for Peace – PfP) од 2006 година.
Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни