Македонија

До утре сончево, од среда промена – дожд и пад на температурите

До утре сончево, од среда промена – дожд и пад на температурите

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 дo 25 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево и топло со слаб ветер од
северен правец. T=25°C. P=987hPa. U=30%. V=2m/s.

Утре ќе се задржи сончево и топло време. Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни