Балкан

Започна рушењето на облакодерот „Вјесник“ во Загреб

Започна рушењето на облакодерот „Вјесник“ во Загреб

Во Загреб стартува новата фаза од рушењето на поранешниот комплекс „Вјесник“, поранешен симбол на хрватската новинарска и издавачка индустрија, кој беше сериозно оштетен во катастрофален пожар на 17 ноември минатата година.

Облакодерот, висок 67 метри со 16 ката, се наоѓа на раскрсницата на Савска цеста и Славонска авенија. Изграден во 1972 година според проект на архитектот Антун Улрих, „Вјесник“ бил еден од најмодерните облакодери во Европа во тоа време. Зградата служела како седиште на весникот „Вјесник“ и ги сместувала редакциите, печатницата и канцеларискиот простор.

Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот информира дека на градилиштето во моментов се изведуваат работи за отстранување на северните конзоли до седмиот кат. Ова е неопходно за растоварување на конструкцијата и овозможување пристап на машините за започнување со демонтажата на самиот облакодер.

Процесот на рушење се спроведува под строг надзор и со примена на безбедносни протоколи, со цел минимизирање на ризикот и заштита на околината.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни