Македонија

ФОТО Камион се запали на Плетвар

ФОТО Камион се запали на Плетвар

Товарно возило со велешки регистарски таблички се запалило попладнево околу 17 часот на планинскиот превој Плетвар, на делницата од Прилеп кон Скопје.

Според првичните информации, по избувнувањето на пожарот се формирале подолги колони од возила, а сообраќајот на овој патен правец се одвива забавено и отежнато.

Во моментов нема информации за повредени лица, ниту пак се познати причините за настанувањето на пожарот. Надлежните служби се очекува да извршат увид за да се утврдат околностите под кои дошло до инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни