Оваа вест е корегирана по проверка на факти.
Десетина медиуми денеска објавија информација дека таксист во центарот на Скопје му побарал 7.800 денари на швајцарски турист за превоз до Средно Водно. Иако во објавите како извор се наведува МВР, ваков случај не може да се пронајде во полициските билтени ниту за овој месец, ниту за тековната година.
Медиумите што ја пренесоа веста наведоа дека швајцарскиот државјанин случајот го пријавил пред два дена.
„Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20.04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје од страна на швајцарскиот државјанин Б.Ф.П.Х. (43)“, објавија дел од медиумите.