Свет

Извршниот директор на нафтениот гигант предупредува: Светот изгуби милион барели нафта во последните два месеци

Извршниот директор на нафтениот гигант предупредува: Светот изгуби милион барели нафта во последните два месеци

„Светот изгуби околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им треба време да се стабилизираат дури и ако се обноват залихите“, изјави во неделата Амин Хасан Насер, извршен директор на „Сауди Арамко“, додека прекините во превозот го задушија сообраќајот низ Ормутскиот теснец.

Но, и покрај сето ова, тој нагласи дека компанијата има јасна цел.

„Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога системот е под притисок“, изјави Амин Хасан Насер за „Ројтерс“ во изјава откако „Арамко“ објави скок од 25% во нето добивката во првиот квартал.

Глобалните залихи на енергија се нагло намалени поради блокадата на Ормутскиот теснец од страна на Иран, што го ограничи превозот и доведе до зголемување на цените по конфликтот меѓу САД и Израел.

„Повторното отворање на рутите не е исто што и нормализирање на пазарот кој е лишен од околу милијарда барели нафта“, рече Насер, додавајќи дека годините на недоволно инвестирање додадоа на веќе ниските глобални залихи.

„Арамко“ го користи својот нафтовод Исток-Запад за да го заобиколи Ормутскиот теснец и да транспортира сурова нафта до Црвеното Море, кое Насер го опиша како „клучен спас“ за ублажување на глобалната криза во снабдувањето.

И покрај промените во транспортните правци, Насер повтори дека Азија останува клучен приоритет за компанијата и фокусна точка на глобалната побарувачка.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни