Во ноќта исполнета со неверојатна енергија, врвна продукција и жестока конкуренција, Бугарија испиша нова страница во музичката историја со освојувањето на првото место на Изборот за песна на Евровизија!
Со перфектен спој на моќен вокал, автентичен мелос и спектакуларен сценски настап, бугарскиот претставник успеа да ги освои срцата на милионската публика ширум светот, но и да ги придобие гласовите на стручното жири. Гласањето беше неизвесно до самиот крај, но поддршката од телевоутингот ја лансираше Бугарија на самиот врв на табелата.
Австралија, Малта, Данска и Литванија ѝ дадоа на Бугарија максимални 12 поени.