Балкан

Бугарскиот премиер ја предупредува Европа: Немаме одговор на руското хиперсонично оружје

Бугарскиот премиер ја предупредува Европа: Немаме одговор на руското хиперсонично оружје

Бугарскиот премиер, Румен Радев, апелираше за зголемени дипломатски напори за завршување на конфликтот во Украина и предупреди за сè поголемиот ризик од понатамошна ескалација, според бугарскиот весник Новините

На маргините на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Радев изјави: “Знаете ли во што е нашиот проблем? Европа досега се обидува да постигне конвенционална победа против најголемата нуклеарна сила во светот.”

Тој истакна дека сите земји треба да придонесат за постигнување мир и да поддржат иницијативи за завршување на конфликтот. Според неговите зборови, Европата не располагала со доволни ресурси за да се спротивстави на руското хиперсонично оружје, што го зголемува ризикот по безбедноста.

Радев додаде дека секој напор за постигнување спогодбено решение треба да се поздрави, без разлика од каде потекнува. Тој нагласи дека приоритетот треба да биде наоѓањето пат кон мир, а не продолжувањето на конфликтот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни