Македонија

Аква паркот во Скопје останува затворен и ова лето

Аква паркот во Скопје останува затворен и ова лето

Аква паркот, кој е дел од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, не ќе работи ни ова лето. Според изјавата на директорот Даниел Апостоловски, објектот е во лоша состојба и потребна е целосна санација, објави СДК.мк

Директорот Апостоловски изјави дека за рекоснтрукција на аква паркот се потребни милион евра, но во моментов нема финансиски ресурси за таква инвестиција. „Покрај тоа, нашиот фокус е насочен кон реновирање на базенот“, вели Апостоловски.

Аква паркот беше затворен во 2024 година. Според ревизорскиот извештај за Спортскиот Центар, одлуката за затворање е донесена поради економска неисплатливост и истечен десетогодишен гарантен рок на опремата. Во 2023 година, аква паркот остварил приход од само 4,29 милиони денари, што е 41% помалку од планираното.

Читај повеќе на СДК.мк

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни