Живот

Го славиме Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски

Го славиме Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски

Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колци, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските.

Но, маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и пораснаа во високи дрвја, од коишто големо мнозинство болни добиваа исцеление.

Најпосле, свети Терапонт беше заклан како јагне, во времето на Валеријан, и со душата се пресели во Царството Небесно за да ја гледа славата Божја во вечноста.

Чесно пострада во 259 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни