Танкер бил зафатен од пожар во машинскиот оддел околу 21 наутичка милја североисточно од градот Сохар во Оман, соопшти британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO), повикувајќи се на локалните власти.
Според наводите на UKMTO, нема пријавени последици по животната средина, пренесе Ројтерс.
Иранските претставници, како што пренесува агенцијата Мехр, тврдат дека еден товарен брод во Оманскиот Залив бил погоден со проектили од американско потекло.
Исто така е соопштено дека пет членови на екипажот се евакуирани и префрлени во Оман со помош на бродови што минувале низ областа.
This is the ship which was attacked by the USA, inside Oman water carrying Indian Nationals. pic.twitter.com/3VM4Febysq
— Pankaj (@Ragepkj) June 11, 2026