Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отвори темата за состојбата и потребата од либерализација на домашниот финансиски пазар.
Тој упати критики кон начинот на кој е организиран домашниот пазар на капитал и истакна дека најголем дел од своите инвестиции ги пласира на глобалните пазари, бидејќи, како што вели, домашниот систем е ограничен.
Во однос на тоа дека поседува криптовалути (биткоини), но нема купено ниту една акција на Македонската берза, Богојески појасни дека смета оти домашниот пазар е затворен и насочен кон тесни интереси.
„Јас работам трејдинг на светските берзи — тргувам со сè, од благородни метали па до акции на најпознатите глобални компании. Светскиот пазар во последно време е доста немирен поради војните на Блискиот Исток, но таму пазарот е жив и доста динамичен. За разлика од тоа, Македонската берза е намерно угушена, затворена и строго контролирана за да остваруваат приход само неколку избрани компании. Луѓето тоа не го разбираат и затоа често го ‘хејтаат’, но реалноста е дека нашиот пазар мора итно да се либерализира“, истакна Богојески.