Македонија

Херојски потег во Карпош: Очевидец спаси 83-годишен скопјанец од давење во реката Вардар!

Херојски потег во Карпош: Очевидец спаси 83-годишен скопјанец од давење во реката Вардар!

На 12.06.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 07:00 часот од река Вардар на подрачјето на Карпош очевидец извлекол машко лице кое се давело во реката.

Станува збор за лицето  Д.И.(83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој по укажаната помош на местото од екипа на Итна медицинска помош Скопје бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно лекување.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни