Македонија

Филмска драма во Карпош: Го пресретнале со три возила, го претепале и го однеле во Шишево

Филмска драма во Карпош: Го пресретнале со три возила, го претепале и го однеле во Шишево

Вистинска драма среде бел ден се случила во скопската населба Карпош, откако 36-годишен скопјанец пријавил дека бил киднапиран, претепан и насилно однесен на друга локација, пред да биде оставен во селото Шишево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12 јуни во 21:30 часот. Д.Е. (36) од скопско изјавил дека околу 14 часот, додека се движел со својот „мерцедес“ на подрачјето на Карпош, му бил пресечен патот од три автомобили.

Во пријавата навел дека од возилата излегле лица кои физички го нападнале, а едно од нив му нанело тешки телесни повреди. По нападот, како што тврди оштетениот, бил насилно внесен во едно од возилата и против своја волја однесен од местото на настанот.

Според неговото сведочење, најпрво бил однесен на автоплац во Карпош, а потоа транспортиран до селото Шишево, каде што бил оставен.

Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување, како и за утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни