Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на ДУИ!

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на ДУИ!

ДУИ продолжува со процесот на подмладување на своите партиски структури, а претседателот Али Ахмети најави дека и самиот во иднина ќе се повлече од лидерската функција и ќе стане дел од ветераните на партијата.

Говорејќи на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети истакна дека партијата спровела значителни кадровски промени, при што 83 проценти од централното раководство и 73 проценти од раководството на кумановскиот огранок се нови лица.

Според него, ДУИ е една од најорганизираните и најстабилните политички структури во земјата и регионот, а промените во раководството се доказ за подготвеноста на партијата да им даде простор на младите генерации.

Ахмети нагласи дека основачите на ОНА и ДУИ свесно им отстапуваат место на младите кадри, потсетувајќи дека една од главните цели на партијата отсекогаш била создавање нови генерации политички лидери.

Во своето обраќање го спомена и поранешниот функционер Садула Дураку, за кого најави дека ќе биде дел од раководството на комитетот на ветераните. Истовремено порача дека и самиот не планира засекогаш да остане на чело на ДУИ.

„Нема да останам цел живот претседател на партијата. Сакам и јас еден ден да бидам меѓу ветераните и членовите на ДУИ да видат како се борам како ветеран“, изјави Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни