Македонија

Али Ахмети најави повлекување од ДУИ

Али Ахмети најави повлекување од ДУИ

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по 24 години на чело на партијата, најави дека ќе се повлече од лидерската функција.

Што соопшти Ахмети?

Во говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети истакна дека сака да им се придружи на редовите на ветераните.

Тој не прецизираше кога точно ќе поднесе оставка, но нагласи дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата.

Ахмети додаде дека ќе го продолжи својот политички ангажман, но во поинаква улога.

Ахмети беше реизбран за претседател на ДУИ во декември минатата година. Тој е единствениот претседател што партијата го имала досега и е партиски лидер со најдолг континуиран мандат во Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни