Македонија

ЦУК со нов извештај: Активен пожар во Бутел!

ЦУК со нов извештај: Активен пожар во Бутел!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 20:00 часот на 15 јуни 2026 година на територијата на државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор.

Од нив, еден пожар е сè уште активен, еден е ставен под контрола, додека 11 се целосно изгаснати.

Активниот пожар е регистриран во општина Бутел, во реонот на Визбегово, каде што гори депонија.

Под контрола е ставен пожарот во општина Демир Хисар, на градската депонија, каде што гори отпад.

Изгаснатите пожари се регистрирани на повеќе локации низ државата, меѓу кои:

во општина Бутел, кај Љуботенски пат (ниска вегетација),

во општина Зелениково, на патот кон Страхојадица (ниска вегетација),

во општина Гази Баба, кај село Булачани (ниска вегетација),

во општина Петровец, кај село Средно Коњаре (ниска вегетација),

во општина Карпош, Бардовци (ниска вегетација),

во општина Прилеп, село Лениште (ниска вегетација),

во општина Охрид, Кадмо плажа (ниска вегетација),

во општина Градско, пред патарината (ниска вегетација, сува трева и трње),

во општина Штип, населба Насеље (запалено дрво),

во општина Липково, Слупчански пат (ѓубре),

во општина Ранковце, село Псача (ниска вегетација).

Од ЦУК апелираат до граѓаните за зголемена внимателност и избегнување на активности кои можат да предизвикаат нови пожари, особено во услови на високи температури и сува вегетација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни