По вербален конфликт што ескалирал на улица, осомничениот извадил скалпел и ѝ нанел тешка повреда на вратот на жената. Инцидентот уследил по долготрајни несогласувања меѓу деверот и снаата
Иако обилно крварела, жената успеала да стигне до блиската амбуланта, каде што добила итна медицинска помош. Лекарите ја санирале повредата; според првичните информации, не се зафатени главните артерии и нејзиниот живот не е во опасност.
Полицијата кратко по нападот го уапсила Ж.Н., кој за време на сослушувањето го признал делото. Според наводите, тој изјавил: „Со години имавме лоши односи. Ме навредуваше и претходно, а вчера ми рече дека наскоро ќе умрам. Тоа ме извади од колосек.“
Надлежното обвинителство води истрага за да ги утврди сите околности на случајот, кој се третира како семејно насилство.