Балкан

12-годишно момче тешко повредено по уривање на автобуска постојка во Србија

12-годишно момче тешко повредено по уривање на автобуска постојка во Србија

Дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија, е тешко повредено откако врз него се урнала метална конструкција од автобуска постојка во неговиот град. Несреќата се случила синоќа, а момчето во критична состојба било пренесено во детска болница во Белград, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на српските медиуми, несреќата се случила во момент кога момчето се фатило за дел од конструкцијата на постојката, по што таа попуштила и се урнала врз него.

Очевидци кои се нашле во близина изјавиле дека металниот дел од постојката паднал ненадејно, при што детето останало под конструкцијата.

На местото веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош, која го извлекла повреденото момче и го транспортирала во болница.

За случајот се известени полицијата и надлежното обвинителство. Во тек е истрага со која треба да се утврдат сите околности што довеле до уривањето на конструкцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни