Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, велат од Град Скопје.
На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.
Паралелно продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.
Со конкретни активности и инвестиции во јавните простори, продолжуваме да го уредуваме градот во согласност со потребите и очекувањата на граѓаните.