Македонија

Акција поврзана со ФФМ: ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и МВР спроведуваат претреси во Скопје!

Акција поврзана со ФФМ: ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и МВР спроведуваат претреси во Скопје!

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје.

Од ОЈО ГОКК информираат дека активностите се спроведуваат под раководство на јавен обвинител, а се резултат на повеќегодишна предистражна постапка поврзана со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во постапката учествувале истражители од Истражниот центар при ОЈО ГОКК и Управата за финансиска полиција, кои во изминатиот период преземале активности за прибирање податоци и проверки.

„Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП“, соопштија од обвинителството.

Повеќе информации за предметот, опфатените лица и преземените дејствија, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на активностите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни