Министерството за внатрешни работи, преку Полициската академија, ги повикува заинтересираните ученици да се запишат во Средното полициско училиште и да станат дел од тимот што се грижи за безбедноста на граѓаните.
Јавниот повик за упис ќе биде официјално објавен по 1 јули 2026 година, а потребната документација ќе се поднесува во секторите за внатрешни работи (СВР) низ државата. Право на пријавување имаат македонски државјани кои имаат завршено втора година средно образование, не се постари од 18 години на денот на пријавувањето и се здравствено и психофизички способни.
Од кандидатите се очекуваат чувство за правда, етика и дисциплина, добра физичка подготвеност, способност за тимска работа и комуникација, како и брзо и одлучно донесување одлуки во различни ситуации.