Серија од пожари избувна во Сплитско-далматинската жупанија на југот на Хрватска по силна грмотевична бура што во недела попладне помина над регионот, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
Пожарникарите се бореа до доцна синоќа со жаришта во близина на Вргорац, Омиш, Клис и Триљ; според првичните процени, причината најверојатно се удари од молња.
Првото жариште било забележано кај Биско, недалеку од Триљ, каде екипите брзо го ограничија ширењето на огнот.
Најсериозна била состојбата кај селото Блаце, каде што беше ангажиран и противпожарен авион „Канадер“ за поддршка на екипите на терен.
Гореле претежно ниска вегетација и шумски површини; засега нема информации за загрозени населени места, објекти или човечки животи, соопшти телевизијата.
Точниот обем на зафатените подрачја ќе биде утврден по целосно локализирање и гаснење на сите жаришта.