Балкан

Обиколницата околу Солун не е затворена: Сообраќајот се пренасочува само на еден километар

Обиколницата околу Солун не е затворена: Сообраќајот се пренасочува само на еден километар

Македонските туристи кои патуваат кон Халкидики или внатрешноста на Грција немаат причини за паника. Обиколницата над Солун не е целосно затворена за сообраќај, појаснува репортерот на 4NEWS.mk.

Поради градежни активности на фамозниот проект „Flyover“, сообраќајот е во прекин и се пренасочува на делница долга само еден километар. На ова место возилата се пренасочуваат низ споредни ленти, по што сообраќајот повторно продолжува нормално по главната траса.

На возачите им се препорачува поголема внимателност при приближувањето до Солун, следење на поставената патна сигнализација, а за време на викендите и шпиц-периодите – трпение поради можни повремени забавувања на сообраќајот на споменатата делница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни