Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез во Македонија!

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез во Македонија!
ФОТО: 4NEWS.mk

Вистински сообраќаен пекол и повеќечасовно чекање ги дочека македонските и странските туристи кои денеска се враќаат од Грција.

Според информациите од терен од репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтираните возачи, за влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, во моментов се чека најмалку четири часа.

ФОТО: 4NEWS.mk

Колоните од автомобили, автобуси и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.

Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца.

ФОТО: 4NEWS.mk
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни