Македонија

Сообраќајна незгода го отежна пристапот до Меѓународниот аеродром Скопје, возачите се пренасочуваат

Сообраќајна незгода го отежна пристапот до Меѓународниот аеродром Скопје, возачите се пренасочуваат

Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот од Скопје кон аеродромот, во моментов е изменет режимот на сообраќај.

Од ТАВ Македонија информираат дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а до патниците и посетителите е упатен апел да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

Од аеродромскиот оператор ги повикуваат граѓаните да ги следат упатствата на надлежните служби и да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до нормализирање на сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни