Македонија

Ниту „план б“ не и се допаѓа на опозицијата – „Омразата на Дескоска кон ВМРО-ДПМНЕ е очигледна“, вели Мицкоски

„Разговаравме за отворените прашања, кои што се отворени од самиот почеток, а тоа е прашањето кое се однесува на предметите на СЈО. Од самиот почеток, клучни непремостливи разлики се однесуваат на ова прашање, односно желбата и барањато тие предмети да не завршат ефикасно или воопшто да не завршат“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Ова е дел од прес-конференцијата на министерката за правда Рената Дескоска по средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство одржана во понеделникот, а за која Мицкоски вели дека не е ништо друго освен уште едно изразување на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.

За лидерот на опозициската партија министерката требала да се извини и да поднесе оставка поради сите фотографии на кои е гушната со Боки 13, осомничен во случајот Рекет

На прашањето што очекува по изјавата на Дескоска дека ако нема двотретинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство, ќе се оди на промена на законот за Советот на јавни обвинители, Мицкоски со одоговр.

„Не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она кое што е дел од нејзините прес конференции интервјуа што ги дава по медиумите, а тоа е изразената омраза, освета кон ВМРО-ДПМНЕ,  иако навистина не знам и повторно се чудам на што се должи тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа во владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Демократските процеси секогаш одат рака под драка заедно со одговорноста на демократските чинители, власта, опозицијата и парламентот. Премиерот Заев се надева дека ќе има двотретинско мнозинство, но ако не, тогаш мора да пости план Б, бидејќи СЈО мора да има иднина.

„И државното јавно обвинителство и Специјалното јавно обвинителство мора да имаат иднина. Никој не посакува да мораме да бараме решенија, така притиснати од времето, сите седнати на маса, политичарите, парламентарците и сите, да изнаоѓаме решение. Затоа, секогаш постојат алтернативи, на кои што мораат да се најдат решение. Но, најдобро, најздраво решение е она кое што со консензус ќе го донесеме сите, како што го пропишал уставотворецот и законодавецот, со дветретини најмалку“, изјави Зоран Заев – премиер на РСМ.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, во текот на вчерашниот ден имаше консултации со координаторите на пратеничките групи и претседателот на Собранието Талат Џафери. По оддржаните консултации Груби одлучи да ја закаже седницата во четврток со почеток во 11,00 часот.

РЕПОРТЕР: Е.РАСТОДЕР

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни