Свет

Иран соопшти дека ќе добие шест милијарди долари замрзнати средства

Иран соопшти дека ќе добие шест милијарди долари замрзнати средства

За време на посетата на светиот град Кум, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран ќе добие шест од вкупно 12 милијарди долари замрзнати средства што се наоѓаат во Катар.

Пезешкијан истакна дека неодамнешниот договор со Соединетите Американски Држави претставува значаен успех и голема победа за иранскиот народ. Во рамките на договорот, како што пренесува „Ал Џезира“, се укинати санкциите кон иранскиот нафтен и петрохемиски сектор.

Тој додаде дека, според договорениот план, шест милијарди долари од вкупно 12 милијарди долари замрзнати ирански средства во Катар ќе бидат одмрзнати и вратени на Иран.

Пезешкијан нагласи дека ќе продолжат напорите и за враќање на преостанатите замрзнати ирански средства.

Осврнувајќи се на иранската нуклеарна програма, Пезешкијан рече дека починатиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, јасно порачал дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.

„На меѓународната заедница ѝ гарантираме дека иранската нуклеарна програма ќе биде во согласност со потребите на државата и со нашите официјално декларирани политики“, додаде иранскиот претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни