Осудено лице од Кичево од денеска е ставено под електронски надзор, соопштија од Управата за извршување на санкции. Овластени службеници од Секторот за пробација ја поставија потребната опрема, со што и официјално започна извршувањето на судското Решение за замена на затворската казна со мерка куќен затвор за ова лице.
Од Управата за извршување на санкции објаснуваат дека ваквиот начин на извршување на санкциите носи двоен бенефит – како за буџетот, така и за самиот осуденик.
„Овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид здравствената состојба на сторителот, воедно претставува и похуман начин на извршување на казната“, се наведува во официјалното соопштение.