Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниските служби, собранискиот спикер веќе ја закажа седницата на која ќе се одлучува за владината реконструкција.
Седницата ќе се одржи на 13 јули (понеделник), со почеток во 11:00 часот.
На оваа седница пратениците ќе расправаат и ќе гласаат за предложените кадровски измени во владиниот кабинет. Според процедурата, премиерот пред пратениците ќе го образложи предлогот за новиот состав и смените на министрите, по што ќе следува дебата и гласање за доверба на новите членови на извршната власт.