Македонија

Кривична пријава за даночно затајување тешко над 2,3 милиони денари

Кривична пријава за даночно затајување тешко над 2,3 милиони денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен скопјанец и правно лице од Скопје поради сомнение дека со лажно прикажување на расходи избегнале плаќање данок на добивка во износ од над 2,3 милиони денари.

Според Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против Е.С. (57), во својство на управител и одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Истрагата покажала дека во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година, пријавениот во деловните книги и даночните евиденции прикажувал расходи кои не биле даночно признаени, за кои немало соодветна документација, како и трошоци кои не биле поврзани со вршењето на дејноста на компанијата.

Со таквото постапување, според полицијата, неосновано ја намалил даночната основа и поднел даночни податоци што не ја прикажувале реалната даночна состојба.

Од МВР наведуваат дека со овие дејствија осомничениот стекнал противправна имотна корист преку избегнување на плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни