Македонија

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба да се отпишуваат од училиштата

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба да се отпишуваат од училиштата

Министерството за внатрешни работи упати важно известување до сите ученици кои имаат намера да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, прецизирајќи ги техничките и административните услови за пријавување.

Според соопштението, сите заинтересирани кандидати се должни потребните документи за аплицирање да ги достават исклучиво во оригинална форма или пак како копии заверени на нотар, со цел да се обезбеди валидност на документацијата.

Истовремено, од ресорното министерство апелираат до апликантите кои веќе посетуваат настава и ги завршиле прва и втора година во средните училишта ширум државата, воопшто да не се отпишуваат од нив во текот на актуелниот процес на аплицирање и селекција.

Од МВР објаснуваат дека дури по завршувањето на изборот, со примените кандидати и нивните родители, старатели или законски застапници ќе биде склучен официјален договор за школување, со кој понатаму правно и административно ќе се регулираат сите процедури и обврски кон училиштата во кои учениците претходно учеле.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни