Свет

Денеска пресуда за лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен

Денеска пресуда за лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен

Апелациониот суд во Париз денеска ќе ја донесе клучната одлука за пресудата на лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, откако обвинителството во февруари побара потврда за петгодишна забрана за вршење јавна функција. Доколку судот ја потврди оваа казна, на Ле Пен ќе ѝ биде оневозможено да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, што најверојатно ќе го отвори патот за претседателска кандидатура на актуелниот лидер на партијата „Национално собирување“, Жордан Бардела.

Случајот се однесува на жалбената постапка против Ле Пен и помошниците на пратениците од нејзината партија во Европскиот парламент. Обвинителството тврди дека Ле Пен воспоставила систем преку кој партијата проневерила 1,4 милиони евра, поради што се бара и потврда на паричната казна од 100.000 евра што претходно ја изрече понискиот суд. За останатите обвинети во овој процес, обвинителството бара потврда на првостепените казни кои варираат од шест месеци условно до три години затвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни