Свет

ВИДЕО Таксистите во Анкара мора да понудат колонска и локум за гостите

ВИДЕО Таксистите во Анкара мора да понудат колонска и локум за гостите

Дали некогаш сте виделе таксисти во сиви панталони и бели кошули кои ви нудат локум и колоњска вода додека над вас летаат борбени авиони Ф-16? Ова не е филм, ова е Анкара денес.

​Поздрав од главниот град на Турција, ексклузивно за 4news.mk. Денеска тука започнува 36-тиот Самит на НАТО, а градот е претворен во вистинска тврдина што дише под невидени безбедносни мерки.

​Очекуваме 52 лидери од сојузничките и поканетите земји. За нив се на должност вкупно 56 илјади припадници на обезбедувањето. Дури 40 илјади полицајци патролираат 24 часа на ден, небото го чуваат системи за воздушна одбрана, а патиштата денеска и утре ќе бидат целосно блокирани. На 100 критични локации се инсталирани напредни камери со системи за препознавање лица.

​Но, она што е апсолутен хит низ улиците е новиот протокол за таксистите. За да ги пречекаат странските дипломати, тие мора да носат строг дрес-код и задолжително да ги нудат патниците со колоњска вода и локум. Турско гостопримство на највисоко ниво.

​И уште еден неверојатен логистички детал. Пистата на воениот аеродром „Етимесгут“ беше специјално проширена од 42 на 60 метри ширина и продолжена на 3 илјади метри. Зошто? За да може безбедно да слета авионот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој доаѓа на овој самит – настан што се смета за пресвртница и момент на повторно зближување меѓу Европа и САД.

​Сепак, целата оваа организација си има своја цена. Секое поставување шатор, делење летоци или марширање е кривично дело деновиве. Во пресрет на самитот, стотици луѓе беа уапсени, а контроверзијата е во тоа што апсењата се вршеа само врз база на разузнавачки информации, без конкретни докази.

​Самитот трае само два дена, но промените што ги донесе ќе остават траен белег во главниот град. За првпат, во програмата е вклучен и Форум за одбранбена индустрија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни