Македонија

Угостителските услуги поскапеле за 2,6 отсто на годишно ниво

Угостителските услуги поскапеле за 2,6 отсто на годишно ниво

Угостителските услуги во земјава продолжуваат да бележат раст на цените, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во јуни годинава е регистрирано благо месечно поскапување, додека на годишно ниво растот е значително поизразен.

Според статистичките податоци, цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во споредба со мај. Во однос на истиот месец лани, пак, тие се повисоки за 2,6 проценти.

Во првите шест месеци од годинава, односно во периодот јануари – јуни 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 2,8 проценти во споредба со истиот период во 2025 година.

Во однос на декември минатата година, растот на цените изнесува 0,8 проценти, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни